Добредојдовте на веб-страницата на Регулаторната комисија за домување

Овде може да ги добиете сите информации во однос на надлежностите на Регулаторната Комисија за Домување, стручната служба,постапката за издавање на Лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради,правните субјекти кои имаат стекнато право за вршење на дејностите на управување со станбени згради,како и можноста да поставувате прашања кои се однесуваат на законските права и обврски на граѓаните од областа на домувањето.

Соопштенија и информации од јавен карактер

  07.10.2022

На домувањето да му се даде поголемо значење, недостатоци во Законот за домување

Домувањето е исклучително важно за секој граѓанин. Најголеми проблеми со кои се соочуваат граѓаните произлегуваат од детектираните недостатоци во Законот за домување како и многу слабата контрола над управителите, а тоа е резултат на немање...

повеќе...
  07.10.2022

ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА: НЕДОСТАТОЦИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ДОМУВАЊЕ

Домувањето е исклучително важно за секој граѓанин. Најголеми проблеми со кои се соочуваат граѓаните произлегуваат од детектираните недостатоци во Законот за домување како и многу слабата контрола над управителите, а тоа е резултат на немање...

повеќе...
  07.10.2022

На домувањето да му се даде поголемо значење, недостатоци во Законот за домување

Домувањето е исклучително ваѓно за секој граѓанин. Потребно е да се акцентира ваѓността на рамномерното планирање на сите градови, не само на главниот град.

  07.10.2022

Одбележан Хабитат ден и интернационалниот ден на потстанарите

Во просториите на Europe House во Скопје, се одржа чествувањето на Хабитат ден (3 октомври) – светски ден на живеалиштата, кој воедно е и интернационален ден на потстанарите во светот. Настанот го спроведе Организацијата за домување и станари ОДС...

повеќе...
  22.11.2022

Соопштение

Регулаторната комисија за домување, им соопштува на граѓаните дека на територија на општините на Град Скопје се појавуваат активни Договори за вршење на управувачки услуги од фирма “ВИТТОРИА СЕРВИС” ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул.Аминта Трети бр.33/А-21 општина Центар Скопје, на која лиценцата за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради со Решение за одземање на лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради бр.Уп.08-18/1 од 05.10.2021 год, од страна на Регулаторната комисија за домување е одземена и истото е правосилно.

Секое склучување на Договор за вршење на управувачки услуги со ФИРМА БЕЗ ЛИЦЕНЦА е спротивно на Законот за домување.

Регулаторната комисија за домување, апелира до сите граѓани пред секое склучување на Договор за вршење на управувачки услуги, да ги...

повеќе...
  16.11.2022

Известување

Одржана е работна средба помеѓу Регулаторна комисија за домување на Република Северна Македонија, ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје и претставници членки на Групацијата за домување и управување со станбен и деловен простор, која е формирана при Стопанската комора на РСМ, на
ден 02-11-2022 година, во просториите на ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје. Цел на работната средба беше надминување на споровите настанати помеѓу ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје и правни субјекти – фирми кои поседуваат Лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради, а во поглед крупно исклучување од страна на ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје, која и се постигна.
За да не се случува крупно исклучување Правните лица кои поседуваат Лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради, ИМААТ МОЖНОСТ да достават барања ЗА ОДВОЈУВАЊЕ НА МЕРНИ МЕСТА до ЕВН...

повеќе...
  15.11.2022

Известување

Регулаторната комисија за домување врз основа Заклучокот донесен на педесет и третата седница одржана на 09.11.2022 година ги задолжува Управителите кои поседуваат Лиценца за Управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради, во станвбените , станвено-деловните и деловно-станбените објекти, со кои имаат склучено Договори за вршење на управувачки услуги, ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА ОТВОРАТ ПОСЕБНИ СМЕТКИ за редовно одржување и резервен фонд најдоцна во рок од 30 дена од назначувањето, а согласно одредбите од Законот за домување.

  25.07.2022

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ДОМУВАЊЕ ЗА ПЕРИОД ОД 01 ЈАНУАР ДО 30 ЈУНИ 2022 ГОДИНА

Во Извештајот што се доставува, е содржан сублимат на работењето на Регулаторната комисија за домување во период 01 Јануари 2022 година до 30 Јуни 2022 година. Документот нуди нумерички и споредбени показатели за делувањето на Регулаторната комисија за домување и имплементацијата на Законот за домување односно овој Извештај го прикажува отворено, објективно и аргументирано целокупното работење на Регулаторната комисија за домување за овој извештаен период. За подобар преглед за работата Извештајот содржи соодветен број на графикони и табели.

  27.10.2021

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ

Согласно член 36 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Сл. весник на Р.С.М. бр.101/2019) Регулаторна комисија за домување ул.”Руѓер Бошковиќ”бб.Скопје тел.02/3070-746 email: info@rkd.gov.mk; rkd@rkd.gov.mk; petreska@rkd.gov.mk Јасмина Петреска го
подготви следниот

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ
(од 1.01.2020 до 31.12.2020)