РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Регулаторна Комисија за Домување
REPUBLIKA E MAQEDONISË SË VERIUT
Komisioni Rregullator për Banim
Соопштение
Регулаторната комисија за домување, им соопштува на граѓаните дека на територија на општините на Град Скопје се појавуваат активни Договори за вршење на управувачки услуги од фирма “ВИТТОРИА СЕРВИС” ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул.Аминта Трети бр.33/А-21 општина Центар Скопје, на која лиценцата за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради со Решение за одземање на лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради бр.Уп.08-18/1 од 05.10.2021 год, од страна на Регулаторната комисија за домување е одземена и истото е правосилно.
Секое склучување на Договор за вршење на управувачки услуги со ФИРМА БЕЗ ЛИЦЕНЦА е спротивно на Законот за домување.
Регулаторната комисија за домување, апелира до сите граѓани пред секое склучување на Договор за вршење на управувачки услуги, да ги проверат регистрите на веб страната на Комисија www.rkd.gov.mk, или да се консултираат во Комисијата. Доколку некои станари веќе склучиле Договор со не лиценцирана фирма, истиот не произведува правно дејство и граѓаните немаат обврска за плаќање на услугите кон таква фирма.
Сите потребните информации может да се добијат на телефонски број и е-меил адреса на Регулаторната комисија:
Телефон 02/3070-746
Е-меил: rkd@rkd.gov.mk; info@rkd.gov.mk;