РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Регулаторна Комисија за Домување
REPUBLIKA E MAQEDONISË SË VERIUT
Komisioni Rregullator për Banim
ПОКАНА
За одржување на работна средба со
Правни лица кои поседуваат лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбена зграда на тема:
“Давање насоки во врска со вршење на дејностите на управување со станбените згради”
во согласност со Законот за домување
Датум: 09.11.2023 година
Време: 12.00-14.00
Место: Стопанска Комора на Северна Македонија, Скопје
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Регулаторната комисија за домување врз основа на член 109 став 1 точка 6 од Законот за домување ("Службен весник на РМ" бр.99/2009, бр.57/2010,бр.36/2011, бр.54/2011, бр.13/2012, бр.55/2013, бр.163/2013, бр.42/2014, бр.199/2014, бр.146/2015, бр.31/2016, бр.64/2018) и "Службен весник на РСМ" бр.302/2020) и член 6 став 1 и став 3 од Правилникот за начинот на издавање, продолжување и одземање на лиценцата за вршење на дејностите на управување со станбена зграда, како и формата и содржината на образецот за лиценца ("Службен весник на РМ" бр.63/2019), на
седницата одржана на 30-05-2023 година, донесе
РЕШЕНИЕ
ЗА ОДЗЕМАЊЕ НАЛИЦЕНЦА ЗА УПРАВИТЕЛ ЗА ВРШЕЊЕ НА ДЕЈНОСТИТЕ НА УПРАВУВАЊЕ СО СТАНБЕНИ ЗГРАДИ
1. Се одзема лиценцата за управител за вршење на дејностите на управување со...
повеќе...Соопштение
Регулаторната комисија за домување, им соопштува на граѓаните дека на територија на општините на Град Скопје се појавуваат активни Договори за вршење на управувачки услуги од фирма “ВИТТОРИА СЕРВИС” ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул.Аминта Трети бр.33/А-21 општина Центар Скопје, на која лиценцата за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради со Решение за одземање на лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради бр.Уп.08-18/1 од 05.10.2021 год, од страна на Регулаторната комисија за домување е одземена и истото е правосилно.
Секое склучување на Договор за вршење на управувачки услуги со ФИРМА БЕЗ ЛИЦЕНЦА е спротивно на Законот за домување.
Регулаторната комисија за домување, апелира до сите граѓани пред секое склучување на Договор за вршење на управувачки услуги, да ги...
повеќе...Известување
Одржана е работна средба помеѓу Регулаторна комисија за домување на Република Северна Македонија, ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје и дел од лиценцирани управители кои се членки на Групацијата за домување и управување со станбен и деловен простор, која е формирана при Стопанската комора на РСМ, на ден 02-11-2022 година, во просториите на ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје. Цел на работната средба беше надминување на споровите настанати помеѓу ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје и правни субјекти – фирми кои поседуваат Лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради, а во поглед крупно исклучување од страна на ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје, која и се постигна.
За да не се случува крупно исклучување Правните лица кои поседуваат Лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради, ИМААТ МОЖНОСТ да достават барања ЗА ОДВОЈУВАЊЕ НА...
Известување
Регулаторната комисија за домување врз основа Заклучокот донесен на педесет и третата седница одржана на 09.11.2022 година ги задолжува Управителите кои поседуваат Лиценца за Управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради, во станвбените , станвено-деловните и деловно-станбените објекти, со кои имаат склучено Договори за вршење на управувачки услуги, ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА ОТВОРАТ ПОСЕБНИ СМЕТКИ за редовно одржување и резервен фонд најдоцна во рок од 30 дена од назначувањето, а согласно одредбите од Законот за домување.
Известување со апел
Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирусо C0VID - 19, на Единаесеттиот состанок, одржан на 26 март 2020 година, заклучи да се упати апел до сите граѓани и да се препорача на сите управителите кои вршат дејност и управуваат со станбени згради, да преземат активности за вршење на дезинфекција внатре во станбените згради и на површините околу станбените згради, од собраните финансиски средства на посебните сметки за резервниот фонд, доколку има согласност од сопствениците на посебните единици во станбениот објект за искористување на овие средства за оваа намена.
КОДЕКС ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ
МИНИСТЕРСТВО ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И АДМИНИСТРАЦИЈА
Врз основа на член 7 став (1) точка 8 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14) министерот за информатичко општество и администрација донесе
КОДЕКС ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ
Со кој се пропишуваат етичките стандарди и правилата на однесување на административните службеници.
Изменување и дополнување на Законот за домување
Се известуваат сите граѓани на Република Македонија дека во тек е изменување и дополнување на Законот за домување. Сите граѓани кои имаат свои предлози за изменување и дополнување на истиот, можат да ги достават на нашиот меил info@rkd.gov.mk со цел за негово подобрување и зголемување на квалитетот за заедничко-колективно станбено живеење. Регулаторната комисија за домување доставените предлози ќе ги разгледа со особено внимание и истите може да ги предложи до Министерство за транспорт и врски како носител на Законот за домување.
Соопштение
Се известуваат сопствениците на посебни делови во зградата на улица “Веселин Маслеша“ број 3, Скопје, дека Регулаторната комисија за домување НЕМА доставено допис и НЕМА да се одржи организирана средба (на ден 10.12.2018 година во 7,30 часот) за давање задолжителна изјава пред овластени лица од комисијата.