РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Регулаторна Комисија за Домување
REPUBLIKA E MAQEDONISË SË VERIUT
Komisioni Rregullator për Banim
Заедница на сопственици
Сопствениците на посебните делови можат да донесат одлука за формирање заедница на сопственици како правно лице за управување со станбената зграда. Одлуката може да се донесе само во согласност на мнозинството сопственици на посебните делови.
Со одлуката за формирање на заедница на сопственици, сопствениците на посебните делови се должни да донесат и статут на заедницата на сопственици.
Резервен фонд
Сопствениците на посебните делови задолжително формираат резервен фонд.
ПРАВИЛНИК ЗА ВИСИНАТА НА ИЗНОСОТ ЗА ПОСЕБНИТЕ ДЕЛОВИ ВО РЕЗЕРВНИОТ ФОНД
Со овој правилник се пропишува висината на износот за посебните делови во резервниот фонд, најниската вредност на истиот, видот на трошоците за кои ќе се користат средствата од резервниот фонд, во зависност од староста на објектот, бројот на посебните делови во зградата и видот на материјалот од кој е изградена зградата.
Примери
Тука можете да ги преземете потребните примери кои се однесуваат на заедница на сопственици на посебни делови, согласно Законот за домување - 21.7.2010
Инспекциска служба
Управителот, односно претседателот на заедницата на сопственици и сопствениците на посебните делови во станбените, станбено-деловните и деловно- станбените згради или закупците, се должни да им овозможат на инспекторите од членот 116 на овој закон, непречено извршување на работите на инспекцискиот надзор, да им ги стави на увид исправите и податоците кои се потребни за вршење на надзорот, како и да им овозможи пристап до просториите и документите кои се предмет на инспекцискиот надзор.
Права и должности на инспекторот
- При вршење на инспекцискиот надзор овластените инспектори за домување од членот 116 на овој закон имаат право да вршат надзор над станбени, станбено-деловни и деловно-станбените згради дали управувањето со истите се врши согласно со одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон, дали се почитуваат пропишаните норми и стандардите за домување и дали се уредени закупничките односи согласно со овој закон.
- При вршењето на инспекцискиот надзор, инспекторот од ставот (1) на овој член, може да побара присуство на овластено службено лице од органот на државната управанадлежен за вршење на работите од областа на внатрешните работи.