Добредојдовте на веб-страницата на Регулаторната комисија за домување

Овде може да ги добиете сите информации во однос на надлежностите на Регулаторната Комисија за Домување, стручната служба,постапката за издавање на Лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради,правните субјекти кои имаат стекнато право за вршење на дејностите на управување со станбени згради,како и можноста да поставувате прашања кои се однесуваат на законските права и обврски на граѓаните од областа на домувањето.

Соопштенија и информации од јавен карактер

  13.11.2023

Одземени лиценците на десетина управители на згради во последните 2,5 години, не го почитувале Законот за домувањето

Поради непочитување на Законот за домувањето, изминативе две и пол години на десетина управители им биле одземени лиценците, извести денес Зоран Маџовски, претседател на Регулаторната комисија за домување. Тој денес првпат од функционирањето на...

повеќе...
  13.11.2023

Одземени 60 дозволи на управители на станбен и деловен простор, поради нерегуларности во управувањето

Работењето на управителите со станбен и деловен простор во однос на користењето на средствата од резервниот фонд, начинот на одржување на заедничките делови во колективние згради и комуникацијата со граѓаните чии услуги ги вршат се најчеститe...

повеќе...
  13.11.2023

На десетина управители на згради им биле одземени лиценците во последните 2,5 години

Во изминатите 2,5 години на десетмина управители им биле одземени лиценците поради непочитување на Законот за домување, информираше претседателот на Регулаторната комисија за домување, Зоран Маџовски.

Денеска за првпат од своето постоењето...

повеќе...
  30.10.2023

Регулаторна комисија за домување денес во работна посета на општина Кичево.

Со градоначалникот Фатмир Дехари диснутиравме за Законот за домување, неговата примена и можностите што ги нуди за општините.

Голема благодарност на градоначалникот за искажаниот интерес и гостопримство. Реализиравме работна средба и со...

повеќе...
  16.12.2025

Покана

Почитувани

Регулаторната комисија за домување согласно своите надлежности организира средба на која ќе се дискутира на тема

„Запознавање со новините и обврските кои произлегуваат од Законот за изменување и дополнување на законот за домување („Службен весник на РСМ“ бр.160/2025)“

Средбата ќе се одржи во Собраниска сала во просториите на општина Кавадарци, на ден 22.12.2025 год, од 12 до 14 часот.

Ве покануваме да присуствувате на оваа средба.

 

Со почит,

Претседател

М-р Зоран Маџовски 

  29.01.2025

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ДОМУВАЊЕ ЗА ПЕРИОД ОД 01 ЈАНУАРИ ДО 30 ЈУНИ 2024 ГОДИНА

Во Извештајот што се доставува, е содржан сублимат на работењето на Регулаторната комисија за домување во период 01 Јануар 2024 година до 30 Јуни 2024 година. Документот нуди нумерички и споредбени показатели за делувањето на Регулаторната комисија за домување и имплементацијата на Законот за домување односно овој Извештај го прикажува отворено, објективно и аргументирано целокупното работење на Регулаторната комисија за домување за овој извештаен период. За подобар преглед за работата Извештајот содржи соодветен број на графикони и табели.

  02.11.2023

ПОКАНА

За одржување на работна средба со

Правни лица кои поседуваат лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбена зграда на тема:

“Давање насоки во врска со вршење на дејностите на управување со станбените згради”

во согласност со Законот за домување

Датум: 09.11.2023 година
Време: 12.00-14.00
Место: Стопанска Комора на Северна Македонија, Скопје

  22.11.2022

Соопштение

Регулаторната комисија за домување, им соопштува на граѓаните дека на територија на општините на Град Скопје се појавуваат активни Договори за вршење на управувачки услуги од фирма “ВИТТОРИА СЕРВИС” ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул.Аминта Трети бр.33/А-21 општина Центар Скопје, на која лиценцата за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради со Решение за одземање на лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради бр.Уп.08-18/1 од 05.10.2021 год, од страна на Регулаторната комисија за домување е одземена и истото е правосилно.

Секое склучување на Договор за вршење на управувачки услуги со ФИРМА БЕЗ ЛИЦЕНЦА е спротивно на Законот за домување.

Регулаторната комисија за домување, апелира до сите граѓани пред секое склучување на Договор за вршење на управувачки услуги, да ги...

повеќе...
  16.11.2022

Известување

Одржана е работна средба помеѓу Регулаторна комисија за домување на Република Северна Македонија, ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје и дел од лиценцирани управители кои се членки на Групацијата за домување и управување со станбен и деловен простор, која е формирана при Стопанската комора на РСМ, на ден 02-11-2022 година, во просториите на ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје. Цел на работната средба беше надминување на споровите настанати помеѓу ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје и правни субјекти – фирми кои поседуваат Лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради, а во поглед крупно исклучување од страна на ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје, која и се постигна.
За да не се случува крупно исклучување Правните лица кои поседуваат Лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради, ИМААТ МОЖНОСТ да достават барања ЗА ОДВОЈУВАЊЕ НА...

повеќе...