РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Регулаторна Комисија за Домување
REPUBLIKA E MAQEDONISË SË VERIUT
Komisioni Rregullator për Banim
Добредојдовте на веб-страницата на Регулаторната комисија за домување
Овде може да ги добиете сите информации во однос на надлежностите на Регулаторната Комисија за Домување, стручната служба,постапката за издавање на Лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради,правните субјекти кои имаат стекнато право за вршење на дејностите на управување со станбени згради,како и можноста да поставувате прашања кои се однесуваат на законските права и обврски на граѓаните од областа на домувањето.
Регистар на управители
Листа на сите лиценцирани управители со станбени објекти во Р. Македонија. Овде можете да го одберете идниот управител со Вашиот станбен објект за колективно домување, да го коментирате или да го оцените нивното работење.
Извештаи
Регулаторната комисија за домување, согласно член 110 став 3 од Законот за домување е должна најмалку двапати годишно да доставува извештај за своето работење до Собранието на Република Македонија.
ЗАКОН ЗА ДОМУВАЊЕ
Врз основа на член 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат
УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДОМУВАЊЕ
Соопштенија и информации од јавен карактер
СООПШТЕНИЕ
Регулаторната комисија за домување, им соопштува на граѓаните дека на територијата на општините на Град Скопје се појавуваат понуди за управување со стамбени објекти од фирмата ГРЕЕН КЛИН ДООЕЛ Скопје, која НЕ ПОСЕДУВА лиценца за вршење...
повеќе...ПОКАНА
За одржување на работна средба со
Правни лица кои поседуваат лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбена зграда на тема:
“Давање насоки во врска со вршење на дејностите на управување со станбените згради”
во согласност со Законот за домување
Датум: 09.11.2023 година
Време: 12.00-14.00
Место: Стопанска Комора на Северна Македонија, Скопје
Соопштение
Регулаторната комисија за домување, им соопштува на граѓаните дека на територија на општините на Град Скопје се појавуваат активни Договори за вршење на управувачки услуги од фирма “ВИТТОРИА СЕРВИС” ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул.Аминта Трети бр.33/А-21 општина Центар Скопје, на која лиценцата за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради со Решение за одземање на лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради бр.Уп.08-18/1 од 05.10.2021 год, од страна на Регулаторната комисија за домување е одземена и истото е правосилно.
Секое склучување на Договор за вршење на управувачки услуги со ФИРМА БЕЗ ЛИЦЕНЦА е спротивно на Законот за домување.
Регулаторната комисија за домување, апелира до сите граѓани пред секое склучување на Договор за вршење на управувачки услуги, да ги...
повеќе...Известување
Одржана е работна средба помеѓу Регулаторна комисија за домување на Република Северна Македонија, ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје и дел од лиценцирани управители кои се членки на Групацијата за домување и управување со станбен и деловен простор, која е формирана при Стопанската комора на РСМ, на ден 02-11-2022 година, во просториите на ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје. Цел на работната средба беше надминување на споровите настанати помеѓу ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје и правни субјекти – фирми кои поседуваат Лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради, а во поглед крупно исклучување од страна на ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје, која и се постигна.
За да не се случува крупно исклучување Правните лица кои поседуваат Лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради, ИМААТ МОЖНОСТ да достават барања ЗА ОДВОЈУВАЊЕ НА...
Известување
Регулаторната комисија за домување врз основа Заклучокот донесен на педесет и третата седница одржана на 09.11.2022 година ги задолжува Управителите кои поседуваат Лиценца за Управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради, во станвбените , станвено-деловните и деловно-станбените објекти, со кои имаат склучено Договори за вршење на управувачки услуги, ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА ОТВОРАТ ПОСЕБНИ СМЕТКИ за редовно одржување и резервен фонд најдоцна во рок од 30 дена од назначувањето, а согласно одредбите од Законот за домување.
ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ДОМУВАЊЕ ЗА ПЕРИОД ОД 01 ЈАНУАР ДО 30 ЈУНИ 2022 ГОДИНА
Во Извештајот што се доставува, е содржан сублимат на работењето на Регулаторната комисија за домување во период 01 Јануари 2022 година до 30 Јуни 2022 година. Документот нуди нумерички и споредбени показатели за делувањето на Регулаторната комисија за домување и имплементацијата на Законот за домување односно овој Извештај го прикажува отворено, објективно и аргументирано целокупното работење на Регулаторната комисија за домување за овој извештаен период. За подобар преглед за работата Извештајот содржи соодветен број на графикони и табели.