Одземени 60 дозволи на управители на станбен и деловен простор, поради нерегуларности во управувањето

Работењето на управителите со станбен и деловен простор во однос на користењето на средствата од резервниот фонд, начинот на одржување на заедничките делови во колективние згради и комуникацијата со граѓаните чии услуги ги вршат се најчеститe забелешки од граѓаните упатени до Регулаторната комисија за домување, информира денеска претседателот на Комисијата Зоран Маџовски.

Пред почетокот на работната средба во Стопанската комора на Северна Македонија со правни лица кои поседуваат лиценца за управители за управување со станбени згради, Маџовски изјави дека во изминатите 12 години, колку што постои Комисијата, биле одземени 60 лиценци поради нерегуларности со управувањето.

– Во моментот има 70 лиценцирани управители, додека во овој 12-годишен период на постоење издадени се 130 лиценци. Значи, одземени се 60, некои поради нерегуларности во управувањето или Инспекторот за домување утврдил недоследности во функционирањето на управителот и не го почитува Законот за домување, истакна Маџовски.

Лиценци биле одземани и поради неисполнување на условите за поседување, односно немање доволен број вработени или доволно средства, а некои се откажале од дејноста или не ја продолжиле лиценцата.

Според Маџивски, најголем дел од управителите си ја вршат работата.

Средбата на Регулаторната комисија за домување со правни лица кои поседуваат лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбена зграда е прва со сите управители со цел укажување на можностите што ги нуди Законот за домување, слабостите што ги има и евентуалните начини за нивно надминување.