РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Регулаторна Комисија за Домување
REPUBLIKA E MAQEDONISË SË VERIUT
Komisioni Rregullator për Banim
Средба во Стопанската комора со лиценцирани управители на станбени згради
Регулаторната комисија за домување, во организација со Групацијата за управување со станбен и деловен простор при Стопанската комора на Северна Македонија, денеска организираат работна средба со правни лица кои поседуваат лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбена зграда.
Тема на средбата е „Насоки за вршење на дејноста на управување со станбени згради во согласност со Законот за домување“. Ќе се разговара за тоа кој мoже да управува со станбените згради, станбено-деловните згради и деловно-станбените згради, за застапување во постапките пред надлежните органи со цел за функционирање, за одржување и зачувување на заедничките делови на станбената зграда, за елементите на договор на заемни односи и други активности согласно законската регулатива на дејноста, соопшти Стопанската комора.
На состанокот ќе присуствуваат тимот на Регулаторна комисија за домување, претставници на Министерство за транспорт и врски, на Групација за управување со станбен и деловен простор при Стопанска комора и останати правни лица кои поседуваат лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбена зграда.