Добредојдовте на веб-страницата на Регулаторната комисија за домување

Овде може да ги добиете сите информации во однос на надлежностите на Регулаторната Комисија за Домување, стручната служба,постапката за издавање на Лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради,правните субјекти кои имаат стекнато право за вршење на дејностите на управување со станбени згради,како и можноста да поставувате прашања кои се однесуваат на законските права и обврски на граѓаните од областа на домувањето.

Соопштенија и информации од јавен карактер

  18.12.2023

РКД Ви посакува среќни Новогодишни и Божиќни празници

  14.11.2023

“НАСОКИ ВО ВРСКА СО ВРШЕЊЕ НА ДЕЈНОСТИТЕ НА УПРАВУВАЊЕ СО СТАНБЕНИТЕ ЗГРАДИ”  

ВИДОВИ НА ОБЈЕКТИ ЗА ДОМУВАЊЕ

  1. СТАНБЕНИ ЗГРАДИ;
  2. СТАНБЕНО-ДЕЛОВНИ ЗГРАДИ И
  3. ДЕЛОВНО-СТАНБЕНИ ЗГРАДИ

ОБЈЕКТИТЕ ЗА ДОМУВАЊЕ СЕ СОСТОЈАТ ОД:

1...

повеќе...
  14.11.2023

Граѓаните најчесто се жалат на користењето на средства од Резервниот фонд и комуникацијата со управителите на станбен и деловен простор

Работењето на управителите со станбен и деловен простор во однос на користењето на средствата од резервниот фонд, начинот на одржување на заедничките делови во колективние згради и комуникацијата со граѓаните чии услуги ги вршат се најчеститe...

повеќе...
  13.11.2023

Средба во Стопанската комора со лиценцирани управители на станбени згради

Регулаторната комисија за домување, во организација со Групацијата за управување со станбен и деловен простор при Стопанската комора на Северна Македонија, денеска организираат работна средба со правни лица кои поседуваат лиценца за управител за...

повеќе...
  16.12.2025

Покана

Почитувани

Регулаторната комисија за домување согласно своите надлежности организира средба на која ќе се дискутира на тема

„Запознавање со новините и обврските кои произлегуваат од Законот за изменување и дополнување на законот за домување („Службен весник на РСМ“ бр.160/2025)“

Средбата ќе се одржи во Собраниска сала во просториите на општина Кавадарци, на ден 22.12.2025 год, од 12 до 14 часот.

Ве покануваме да присуствувате на оваа средба.

 

Со почит,

Претседател

М-р Зоран Маџовски 

  29.01.2025

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ДОМУВАЊЕ ЗА ПЕРИОД ОД 01 ЈАНУАРИ ДО 30 ЈУНИ 2024 ГОДИНА

Во Извештајот што се доставува, е содржан сублимат на работењето на Регулаторната комисија за домување во период 01 Јануар 2024 година до 30 Јуни 2024 година. Документот нуди нумерички и споредбени показатели за делувањето на Регулаторната комисија за домување и имплементацијата на Законот за домување односно овој Извештај го прикажува отворено, објективно и аргументирано целокупното работење на Регулаторната комисија за домување за овој извештаен период. За подобар преглед за работата Извештајот содржи соодветен број на графикони и табели.

  02.11.2023

ПОКАНА

За одржување на работна средба со

Правни лица кои поседуваат лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбена зграда на тема:

“Давање насоки во врска со вршење на дејностите на управување со станбените згради”

во согласност со Законот за домување

Датум: 09.11.2023 година
Време: 12.00-14.00
Место: Стопанска Комора на Северна Македонија, Скопје

  22.11.2022

Соопштение

Регулаторната комисија за домување, им соопштува на граѓаните дека на територија на општините на Град Скопје се појавуваат активни Договори за вршење на управувачки услуги од фирма “ВИТТОРИА СЕРВИС” ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул.Аминта Трети бр.33/А-21 општина Центар Скопје, на која лиценцата за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради со Решение за одземање на лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради бр.Уп.08-18/1 од 05.10.2021 год, од страна на Регулаторната комисија за домување е одземена и истото е правосилно.

Секое склучување на Договор за вршење на управувачки услуги со ФИРМА БЕЗ ЛИЦЕНЦА е спротивно на Законот за домување.

Регулаторната комисија за домување, апелира до сите граѓани пред секое склучување на Договор за вршење на управувачки услуги, да ги...

повеќе...
  16.11.2022

Известување

Одржана е работна средба помеѓу Регулаторна комисија за домување на Република Северна Македонија, ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје и дел од лиценцирани управители кои се членки на Групацијата за домување и управување со станбен и деловен простор, која е формирана при Стопанската комора на РСМ, на ден 02-11-2022 година, во просториите на ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје. Цел на работната средба беше надминување на споровите настанати помеѓу ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје и правни субјекти – фирми кои поседуваат Лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради, а во поглед крупно исклучување од страна на ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје, која и се постигна.
За да не се случува крупно исклучување Правните лица кои поседуваат Лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради, ИМААТ МОЖНОСТ да достават барања ЗА ОДВОЈУВАЊЕ НА...

повеќе...