РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Регулаторна Комисија за Домување
REPUBLIKA E MAQEDONISË SË VERIUT
Komisioni Rregullator për Banim
СТРАТЕШКИ ПЛАН За период 2022-2024 година
Регулаторната комисија за домување (РКД) се стреми кон успешно реализирање на целите и приоритетите кои произлегуваат од работниот процес и деловните активности од областа на домувањето. На начин, кој ќе обезбеди зголемување на квалитетот на работењето со единствена цел, овозможувајќи професионални услуги на граѓаните. Во остварувањето на целта неопходно е стратешко планирање за донесување одлуки, каде што, креираната визија треба да стане реалност. Овој тип на планирање, во услови кога се случуваат брзи промени во општественото живеење, во голема мера помага успешно да се справиме со промените во опкружувањето и правилно да ги определиме нашите цели и приоритети.
ПРАВИЛНИК за систематизација на работните места во Регулаторна комисија за домување
Врз основа на член 17 став (7) од Законот за вработените во јавниот сектор ("Службен весник на Република Македонија" бр. 27/14, 199/14 и бр.27/2016), Претседателот на Регулаторната комисија за домување Републка Македонија, на ден 17.05.2016 година донесе
ПРАВИЛНИК за систематизација на работните места во Регулаторна комисија за домување
ПРАВИЛНИК за внатрешна организација во Регулаторна комисија за домување
Врз основа на член 17 став 7, од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на РМ", бр.27/2014, бр.199/2014 и бр.27/2016) и врз основа на член 108 од Законот за домување (“Службен весник на РМ” бр.99/2009, бр.57/2010, бр.36/2011, бр.54/2011, бр.13/2013, бр.55/2013, бр.163/2013, бр.42/2014, бр.199/2014, бр.146/2015 и бр.31/2016) Претседателот на Регулаторна комисија за домување, на ден 17.05.2016 година донесе
ПРАВИЛНИК за внатрешна организација на Регулаторна комисија за домување
Органограм на Регулаторна Комисија за Домување
ТАБЕЛАРЕН ПРЕГЛЕД НА РАБОТНИТЕ МЕСТА ВО РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ДОМУВАЊЕ
ПРАВИЛНИК ЗА ДЕЛОВНА ТАЈНА ВО РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ДОМУВАЊЕ
Со овој правилник се пропишува (определува) видот на документите и податоците кои се однесуваат на работењето на вработените и членовите во Регулаторна комисија за домување,што претставуваат деловна тајна,ако нивното соопштување на неовластено лице, поради нивната природа и значење би било спротивно на работата на вработените и членовите на Регулаторна комисија за домување,штетата на работните интереси и угледот на работењето,а особено:
- Начинот на употребата на документите и податоците кои претставуваат деловна тајна;
- Заштита на деловната тајна;
- Повреда на чувањето на деловната тајна и одговорност;
ПРАВИЛНИК ЗА ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ И ЕКСПЛОЗИИ ВО РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ДОМУВАЊЕ
Заради заштита од пожари на имотот и животот на вработените во Регулаторна комисија за домување, со овој Правилник се уредуваат мерките за заштита од пожари, организација и вршење контрола, овластувањата и одговорноста на вработените во Комисијата во заштитата од пожари, постапка и начин за запознавање на вработените при стапување на работа, место и начин на обучување на вработените во Комисијата за гасење на пожари, техничка опрема и уреди на гасење на пожари, нивна распореденост и време на испитување на нивната исправност и други прашања кои се однесуваат на заштита од пожар.