ИЗМЕНИТЕ ВО ЗАКОНОТ ЗА ДОМУВАЊЕ, КВАЛИТЕТНА, ЕФИКАСНА И ЕФЕКТИВНА ИНСПЕКЦИСКА СЛУЖБА, ЕЛИМИНИРАЊЕ НА НЕЛОЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА, ПРИОРИТЕТ ЗА ДОМУВАЊЕТО И ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ

Претседателот на Регулаторната комисија за домување м-р Зоран Маџовски оствари работна средба со Претседателот на Групацијата за домување при Стопанската комора на Република Северна Македонија г-дин Васе Самараков. 

Предмет на дискусија беа актуелните проблеми со кои се соочуваат граѓаните, инспекторите за домување како и Лиценцираните управители кои произлегуваат поради недоречености во Законот за домување и потребата од нивно актуелизирање и реализирање со неопходни измени на Законот, и негово усогласување со други закони. 

Претседателот на Регулаторната комисија за домување м-р Зоран Маџовски ја потврди заложбата на Комисијата да се работи во насока на воспоставување систем за почитување на Законот за домување од сите инволвирани странки и институции, назначување на лиценцирани општински инспектори за домување во сите општини и општините на Град Скопје, како и зголемување на нивната ефикасност и ефективност и воспоставување на систем за почитувње на пазарните принципи, со цел максимално подобрување на услугите за граѓаните кои произлегуваат од Законот за домување.

Тој најави средба со сите лиценцирани управители во периодот што следи, до крајот на годината.

Се заложи за континуирана и  максимална соработка со Комората, општинските   инспектори за домување, лиценцираните управители и заедниците на сопственици и побара да се нотираат проблемите од страна на Групацијата и инспекторите како би се отворил дијалог во насока на решавање на проблемите.

Најави иницирање за менување на законската регулатива и ја истакна и потробата за зајакнување на инспекцискита служба за дејноста. 

Маџовски истакна дека Комисијата ќе ја зголеми соработката со други органи и институции.

Претседателот на Групацијата за домување при Комората Васе Самараков укажа на фактот дека од исклучително значење е да се забрза процесот на менување на законот, бидејќи освен надминување на одредени пречки во тековното работење и елиминирање на одредени слабости, зи аштита на животна средина и безбедност на станарите во колективното домување како и дефинирање на одговорноста кога станува збор за заеднички предмети како што се лифтовите. 

За членките на Групацијата при Стопанската комора на Северна Македонија од особено значење е и воспоставување сериозен систем на контрола на работата на Лиценцираните управители во насока на елиминирање на нелојалната конкуренција на пазарот и почитување на принципите на пазарно делување.