Запознавање со новините и обврските кои произлегуваат од Законот за изменување и дополнување на законот за домување

Денес, во просториите на општина Кавадарци се одржа работна средба организирана од страна на Регулаторната комисија за домување заедно со управителите на станбени единици од цела Македонија. Комисијата ги информира управителите на станбените единици дека се должни доследно да ги применуваат важечките прописи во управувањето и одржувањето на заедничките делови на објектите.

Регулаторната комисија за домување ќе продолжи со надзор и соработка со управителите, со цел унапредување на квалитетот на домувањето и заштита на интересите на станарите.