РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Регулаторна Комисија за Домување
REPUBLIKA E MAQEDONISË SË VERIUT
Komisioni Rregullator për Banim
Има управители ама недостасуваат инспектори
Регулаторната комисија за домување одржа тралезна маса на тема “Закон за домување, негова примена и надзор, улогата на локалната самоуправа и измени и дополнувања на Законот за домување”.
Настанот беше одржан на 02.03.2023 година, во Стопанска комора на Република Северна Македонија.
На тркалезната маса учествуваа:
- Регулаторна комисија за домување;
- Заменик Министер за транспорт и врски и претставници од министерството;
- Пратеници, членови на Комисијата за транспорт и врски, во Собрание на РСМ;
- Лиценцирани и овластени општински инспектори за домување;
- НВО: Организација за домување и станари, Хабитат и фондација Фридрих-Ебарт;
- Претставници на Групација за домување и управување со станбен и деловен простор при Стопанска Комора на РСМ;
- Директор на Државен комунален инспекторат.