РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Регулаторна Комисија за Домување
REPUBLIKA E MAQEDONISË SË VERIUT
Komisioni Rregullator për Banim
Средба меѓу Инспекцискиот совет со Регулаторната Комисија за Домување и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија
На 7.6.2022 година во просториите на Инспекцискиот совет, в.д. претседателката на Инспекцискиот совет, Даниела Рендевска заедно со членот на Инспекциски совет од Областа на градежништво, урбанизам, комунални работи и транспорт, Ресул Шемо, одржаа работна средба со претцедателот на Регулаторната Комисија за Домување, Зоран Маџовски и пратеникот од актуелниот состав на Собранието на Република Северна Македонија, Љупчо Балковски.
Средбата беше одржана на барање на директорот на Регулаторната Комисија за Домување и на истата беа разгледани актуаелни прашања и проблематики од доменот на домувањето и материјата регулирана со Законот за домување.
На средбата се разменија информации за предизвиците со кои се соочува Регулаторната Комисија за Домување, кадровската екипираност на Општините со општински инспектори за домување, како и потребата за координирано дејствување на институциите преку развивање на стратегија на натамошно дејствување.
Присутните лица заклучија дека меѓуинституционалната соработка ќе продолжи и во иднина, преку заедничко промовирање на Законот за домување, креирање на нови политики и дефинирање на евентуалните недостатоци во практичната примена на законот и нивно преточување во конкретни предлози за измена и дополна на постоечките законски решенија со кои се регулира колективното домување.