Има управители ама недостасуваат инспектори

Регулаторната комисија за домување одржа тралезна маса на тема “Закон за домување, негова примена и надзор, улогата на локалната самоуправа и измени и дополнувања на Законот за домување”.
Настанот беше одржан на 02.03.2023 година, во Стопанска комора на Република Северна Македонија.

На тркалезната маса учествуваа:

  • Регулаторна комисија за домување;
  • Заменик Министер за транспорт и врски и претставници од министерството;
  • Пратеници, членови на Комисијата за транспорт и врски, во Собрание на РСМ;
  • Лиценцирани и овластени општински инспектори за домување;
  • НВО: Организација за домување и станари, Хабитат и фондација Фридрих-Ебарт;
  • Претставници на Групација за домување и управување со станбен и деловен простор при Стопанска Комора на РСМ;
  • Директор на Државен комунален инспекторат.