Средби со градоначалниците низ повеќе општини во СРМ.

Регулаторната комисија за домување во текот на 2022 година отпочна кампања на тема: Закон за домување, негова примена, надзор,  и улогата на локалната самоуправа и општинскиот инспектор за домување.

Во рамките на кампањата се реализираа повеќе посети на поголемите градски општини во Република Северна Македонија и тоа: Штип, Струга, Охрид, Битола,Крива Паланка, Тетово, Илинден, Карпош, Кисела Вода и др . При овие посети беа остварени продуктивни состаноци со градоначалниците на Општините како и со лиценцираните и овластените инспектори за домување. Исто така беа посетени повеќе фирми кои имаат лиценца за уоправување со станбен простор. Оваа кампања продолжува и во 2023 година.

Кисела Вода

Општина Карпош

Битола

Крива Паланка

Струга

Тетово