Работен состанок со градоначалникот Митко Јанчев

Градоначалникот Митко Јанчев имаше работен состанок со претседателот Зоран Маџовски и членовите на регулаторната комисија за домување на Македонија.

На состанокот се дискутираше за подобрување на условите за живеење во станбените единици за колективно домување, согласно законот за домување. Иако Општина Кавадарци вложува во реконструкција на станбените згради сеуште има простор за соработка со комисијата и унапредување на условите за живеење во истите.