22

Сеп.2026

Известување за одржување обуки за управување со станбени згради во 2027 година

Регулаторната комисија за домување организира обуки за вршење на дејностите за управување со станбени згради, наменети за вработени во правни субјекти кои поседуваат лиценца за управител.

Обуките се организираат согласно член 2 од Правилникот за начинот на организирање на обука за вршење на дејностите за управување со станбена зграда и неговите измени и дополнувања („Службен весник на РСМ“ бр. 231/2025 и бр. 170/2026).

Редовните обуки во 2027 година се предвидени во следните термини:

  1. Втората половина на јануари 2027 година.
  2. Втората половина на септември 2027 година.

Регулаторна комисија за домување

Secret Link