27

Мар.2020

Известување со апел

Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирусо C0VID – 19, на Единаесеттиот состанок, одржан на 26 март 2020 година, заклучи да се упати апел до сите граѓани и да се препорача на сите управителите кои вршат дејност и управуваат со станбени згради, да преземат активности за вршење на дезинфекција внатре во станбените згради и на површините околу станбените згради, од собраните финансиски средства на посебните сметки за резервниот фонд, доколку има согласност од сопствениците на посебните единици во станбениот објект за искористување на овие средства за оваа намена.