СООПШТЕНИЕ

Регулаторната комисија за домување, им соопштува на граѓаните  дека на територијата на општините на Град Скопје се појавуваат понуди за управување со стамбени објекти од фирмата ГРЕЕН КЛИН ДООЕЛ Скопје, која НЕ ПОСЕДУВА лиценца за вршење на дејностите на управување со станбени згради, издадена од Регулаторната комисија за домување.

Исто така, истиот правен субјект им прикажува на граѓаните ФАЛСИФИКУВАН ДОКУМЕНТ од Лиценца за вршење на дејностите на управување со станбени згради на име на фирмата ГРЕЕН КЛИН ДООЕЛ Скопје, која која НЕ Е ИЗДАДЕНА и не е заведена во регистарот на Регулаторна Регулаторна комисија за домување. Секое склучување на Договор за вршење на управувачки услуги со овој правен субјект е спротивно на Законот за домување.

Регулаторната комисија за домување, апелира до сите граѓани пред секое склучување на договор за вршење на управувачки услуги, да ги проверат регистрите на веб страната на Регулаторната комисија за домување www.rkd.gov.mk, или да се консултираат со комисијата на:

телефон: 02 307 0746

е-маил: rkd@rkd.gov.mk

 

Со почит

РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ДОМУВАЊЕ