Известување

Одржана е работна средба помеѓу Регулаторна комисија за домување на Република Северна Македонија, ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје и претставници членки на Групацијата за домување и управување со станбен и деловен простор, која е формирана при Стопанската комора на РСМ, на
ден 02-11-2022 година, во просториите на ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје. Цел на работната средба беше надминување на споровите настанати помеѓу ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје и правни субјекти – фирми кои поседуваат Лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради, а во поглед крупно исклучување од страна на ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје, која и се постигна.
За да не се случува крупно исклучување Правните лица кои поседуваат Лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради, ИМААТ МОЖНОСТ да достават барања ЗА ОДВОЈУВАЊЕ НА МЕРНИ МЕСТА до ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје.
Исто така во случај кога Правните лица кои поседуваат Лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради, раскинуваат Договор за вршење на управувачки услуги ИМААТ ОБВРСКА ДА ПРИЈАВАТ во ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје, дека се прави промена на
корисник, но доколку сопствениците на посебни делови немаат избрано нов управител или регистрирано Заедница на сопственици мерното место потребно е да се одјави, по предходно целосно подмирување на долгот за меното место.