РКД оствари работна посета во Виена, Австрија

На покана од претседателот на Асоцијација на Станари на Виена, господинот Georg Niedermuhlbichler, претседателот на РКД, мр. Зоран Маџовски и членовите ка комисијата Башким Алили и Сеат Личина, остварија работна посета во Виена. 

Од страна на домаќините реализирана е презентација на целокупниот систем на секторот домување во Виена и дистриктите, како и контрола на правните лица кои управуваат со домувањето. Исто така ни беа презентирани на терен практичните примени на секторот домување.