Инспекциска служба

Управителот, односно претседателот на заедницата на сопственици и сопствениците на посебните делови во станбените, станбено-деловните и деловно- станбените згради или закупците, се должни да им овозможат на инспекторите од членот 116 на овој закон, непречено извршување на работите на инспекцискиот надзор, да им ги стави на увид исправите и податоците кои се потребни за вршење на надзорот, како и да им овозможи пристап до просториите и документите кои се предмет на инспекцискиот надзор.

Права и должности на инспекторот

  1. При вршење на инспекцискиот надзор овластените инспектори за домување од членот 116 на овој закон имаат право да вршат надзор над станбени, станбено-деловни и деловно-станбените згради дали управувањето со истите се врши согласно со одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон, дали се почитуваат пропишаните норми и стандардите за домување и дали се уредени закупничките односи согласно со овој закон.
  2. При вршењето на инспекцискиот надзор, инспекторот од ставот (1) на овој член, може да побара присуство на овластено службено лице од органот на државната управанадлежен за вршење на работите од областа на внатрешните работи.