27.03.2020

Известување со апел

Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирусо C0VID - 19, на Единаесеттиот состанок, одржан на 26 март 2020 година, заклучи да се упати апел до сите граѓани и да се препорача на сите управителите кои вршат дејност и управуваат со станбени згради, да преземат активности за вршење на дезинфекција внатре во станбените згради и на површините околу станбените згради, од собраните финансиски средства на посебните сметки за резервниот фонд, доколку има согласност од сопствениците на посебните единици во станбениот објект за искористување на овие средства за оваа намена.

  08.02.2020

КОДЕКС ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ

МИНИСТЕРСТВО ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И АДМИНИСТРАЦИЈА

Врз основа на член 7 став (1) точка 8 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14) министерот за информатичко општество и администрација донесе

КОДЕКС ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ

Со кој се пропишуваат етичките стандарди и правилата на однесување на административните службеници.

  19.11.2018

Изменување и дополнување на Законот за домување

Се известуваат сите граѓани на Република Македонија дека во тек е изменување и дополнување на Законот за домување. Сите граѓани кои имаат свои предлози за изменување и дополнување на истиот, можат  да ги достават на нашиот меил info@rkd.gov.mk  со цел за негово подобрување и зголемување на квалитетот за заедничко-колективно станбено живеење. Регулаторната комисија за домување доставените предлози ќе ги разгледа со особено внимание и истите може да ги предложи до Министерство за транспорт и врски како носител на Законот за домување.

  19.11.2018

Соопштение

Се известуваат сопствениците на посебни делови во зградата на улица “Веселин Маслеша“ број 3, Скопје, дека Регулаторната комисија за домување НЕМА доставено допис и НЕМА да се одржи организирана средба (на ден 10.12.2018 година во 7,30 часот) за давање задолжителна изјава пред овластени лица од комисијата.