Одлука за изменување на Статутот на Регулаторната комисија за домување

Врз основа на Одлуката за изменување на Статутот на Регулаторната комисија за домување на 28 јуни 2019 година, одобрен од Собранието на Република Северна Македонија со Одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување на Статутот на Регулаторната комисија за домување бр.08-4329/1 од 26 јули 2019 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.154/19).  Регулаторната комисија  за домување на седницата одржана на 23.09.2019 година донесе:

 

С Т А Т У Т

НА РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ДОМУВАЊЕ

(Пречистен текст)

 

Регулаторна Комисија за Домување - Статут

Врз основа на член 109 ст. 1 точка 1 од Законот за домување ("Службен весник на Република Македонија" бр. 99/2009 и 57/2010, Регулаторната Комисија за Домување на седницата одржана на 23-27-2010 година донесе:

СТАТУТ НА РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ДОМУВАЊЕ

Со Статутот се уредува името, седиштето, печатот, штембилот организацијата ,управувањето и раководењето, и седиштето, постапка за донесување на актите и нивното изменување и дополнување,како и други прашања од надлежност на Регулаторната Комисија за Домување. Регулаторната Комисија има својство на правно лице и е независна во своето работење и одлучување во рамките на надлежностите утврдени со овој закон.

Функцијата член на Регулаторната Комисија за Домување се врши професионално.

ЗАДАЧА И НАДЛЕЖНОСТИ НА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА

Регулаторната комисија за домување ги има следниве надлежности:

  1. донесува статут, деловник и други акти за својата работа;
  2. се грижи за квалитетно задоволување на станбените потреби на населението, согласно со современите стандарди за квалитетен живот, заштита на животната средина и природата;
  3. до министерот надлежен за работите од станбено-комуналната област поднесува предлог за висината на износот за посебните делови од резервниот фонд најниската вредност на истиот, како и за видот на трошоците за кои ќе се користат средствата од резервниот фонд, во зависност од староста на објектот, бројот на посебните делови во зградата и видот на материјалот од кој е изградена зградата;
  4. на барање на закупец на непрофитен стан ја проверува висината на непрофитна закупнина од членот 95 став 1 на Законот за...
повеќе...

НАЧИН НА РАБОТА НА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА

Со Регулаторната комисија за домување раководи претседател. Во случај на отсуство или спреченост на претседателот на Регулаторната комисија за домување, претседателот за време на негово отсуство или спреченост го заменува член на комисија кое ќе го овласти претседателот. Регулаторната комисија работи на седници, согласно со деловникот за работа на Регулаторна комисија за домување. Седниците на Регулаторната комисија за домување се јавни,освен во случаите кога се изнесуваат доверливи информации и деловни тајни. Регулаторната комисија за домување донесува одлуки со мнозинство на гласови од вкупниот број на членови. Прашањата во врска со свикувањето на седниците и другите прашања во врска со седниците на Регулаторната комисија се уредуват со Деловникот на комисијата. Регулаторната комисија за домување може по потреба да формира работни...

повеќе...

СТРУЧНА СЛУЖБА НА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА

Регулаторната комисија за домување има стручна служба со која раководи Претседателот на Регулаторната комисија за домување.

Претседателот на Регулаторната комисија за домување ја раководи стручната служба на начин кој обезбедува законито, стручно,одговорно, навремено, економично и рационално работење.

Стручната служба ги врши стручните, административните и други работи од надлежност на Регулаторната комисија за домување. Стручната служба на Регулаторната комисија за домување е составена од посебни организациони делови:

  1. Секторот за општи, правни нормативни работи;
  2. Секторот за економско, финансиски работи;
  3. Секторот за стандардизација на домувањето и издавање на лиценци.

Со Правилник за внатрешна организациона поставеност и систематизација на работни места поблиску се уредуваат:...

повеќе...

АКТИ НА КОМИСИЈАТА

Прашања кои се од значење на Ргулаторната Комисија за Домување, а не се уредени со овој Статут ќе се уредат со други акти на Регулаторната Комисија за Домување согласно закон. Актите од став 1 на овој член ги донесува Регулаторната Комисија за Домување и не можат да бидат во спротивност со овој Статут. Актите на Регулаторната Комисија за Домување влегуваат во сила со денот на донесувањето и се објавуваат на огласната таблa и на web страната на Регулаторната Комисија за Домување.

Акти на Регулаторната комiсија се:

  • Деловник за работа на Регулаторната Комисија за Домување;
  • Правила за однесување на членовите и вработените во Регулаторната Комисија за Домување заради спречување на судир на интереси и етички кодекс;
  • Правилник за деловна тајна;
  • Правилник за внатрешна организациона поставеност и...
повеќе...

ФИНАНСИРАЊЕ НА КОМИСИЈАТА

Регулаторната комисија за домување се финансира од:

  • буџетот на Република Македонија;
  • приходите одстварени од вршење на работите од својата надлежност;
  • средствата утврдени со други прописи.

ЈАВНОСТ ВО РАБОТАТА

Работата на Регулаторната Комисија за Домување е јавна.

Регулаторната Комисија за Домување ја известува јавноста за работата на нејзините одржани седници.

Регулаторната Комисија за Домување ги определува актите, работите и задачите кои се доверливи или не можат да се објавуваат.

Како доверливи се сметаат податоците содржани во актите, документите, информациите и публикациите кои не се достапни на јавноста согласно закононот за класифицирани информации.

Регулаторната Комисја за Домување издава службени публикации, одржува конференции за јавноста и создава услови за запознавање на истата со одлуките и работата на Регулаторната комисија за домување

Податоци и известувања за работата на Регулаторната Комисија за Домување дава претседателот на Регулаторната Комисија за Домување или овластен член од страна...

повеќе...