Претседател на РКД
Ракип Малоски
Доктор по Економски науки
Ракип Малоски е претседател на Регулаторната комисија за домување од 2016 год.
Предходно работно искуство:
- Од 2010 до 2016 е член на Регулаторната комисија за домување како експерт зa економски прaшања.
- Од 2003 до 2010 работи како Стручен соработник и Ревизор-Контролор за придонеси при Фондот за здравствено осигурување на Македонија – Дебар на должност следење на примарна и секундарна здравствена заштита и контрола.
- Од 1997 до 2003 работи како Испитувач и Претседател на Испитна комисја за полагање возачки испит за Полагање на теоретски и практичен дел на возачки испит за Б, Ц и Е категорија, при Министерство за внатрешни работи на Република Македонија-Скопје.
Образование:
- Од 2011 до 2014 се стекнува со звање (PhD) Доктор на економски науки при Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ Скопје, Економски факултет, Скопје
- Од 2004 до 2007 се стекнува со звање Магистер на економски науки при Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ Скопје, Економски институт, Скопје
- Од 1992 до 1996 се стекнува со звање Дипломиран економист при Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ Скопје, Економски факултет, Скопје