Член на РКД

Катерина Димеска

Магистар Градежен Инженер

Катерина Димеска е член на Регулаторна Комисија за домување избрана од Собрание на Република Македонија.

Образование

Магистрирала на тема ‘Анализа на македонското градежништво од аспект на мали и средни препријатија’ на Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје.

Градежен факултет заврши на Универзитетот Св.Кирил и Методиј Скопје на конструктивен смер.

Основно образование и гимназија завршила во Прилеп.

Работно искуство

Во периодот до 2006 година работи во ЈКП Водовод и Канализација во Прилеп како раководител на Одделението за инвестиции.

Избрана е два мандати за советник на Советот на општина Прилеп од 2000 до 2004 и од 2004 до 2006 година.

Во 2006 станува пратеник во Собрание на Република Македонија се до 2011 година.

Во Собранието на РМ член е на законодавно правна Комисија, член на Комисијата за транспорт и врски, член на Комисија за еднаквост помеѓу половите, член на Комитетот за односи меѓу заедниците во Собрание на РМ.

Исто така, членува во парламентарната група за соработка со Парламентите на Португалија и Монголија.

Во Собрание на РМ е претседател на клубот на жени парламентарки.

Во 2012 година во Собранието на РМ избрана е за член на ‘Комисија за заштита на правото за слободен пристап на информации од јавен карактер’ до 2016 година. Во 2016 година избрана е за член на Регулаторна комисија за домување во Собрание на РМ.

Во 2016 година избрана е за член на Собранието на Комора за овластени Архитекти и Инженери од битолско-пелагонискиот регион.

Признанија и сертификати

Поседува повеќе професионални признанија и сертификати:

  • Овластување за надзор на објекти од Б категорија издадено од Комора на Архитекти и Инженери на РМ.
  • Овластување за Проектирање на објекти од Б категорија издадено од Комора на Архитекти и Инженери на РМ.
  • Уверение за проценител на недвижен имот издадено од Министерство за транспорт и врски.
  • Сертификат за оператор со прочестителни станици издадено од Аврстиски Универзитет.
  • Серитификат за спроведена обука за јавен пристап до информации издадено од Респа.
  • Судија поротник во 2002 година во основен Суд Прилеп.
  • Член на комисија за делбен биланс на ЈКП Водовод и Канализација Прилеп

За добивање на грантови сретства од KFW Банка

  • Добитник на плакета ‘Амбасадор за животна средина за учество во регионален проект во невладина организација Балкански мостови 3х4’
  • Познава англиски јазик и руски јазик.

Испрати порака