Македонски

Член на РКД

Башким Алили

Магистар Градежен Инженер

Роден на 16.11.1976 година, во Кичево, каде завршува основно и средно образование.

Образование

Дипломира на Градежен Факултет, конструктивен смер во Приштина,

Косово. Во 2013 година магистрира на Градежен Факултет во Скопје.

Од 2015 е докторанд на Инситут за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија во Скопје.

Работно искуство

Своето работно искуство го започнува како соработник на проектант во ГП „ЕУРОСТИЛ“-Кичево.

Во 2007 година продолжува како управител и главен проектант на ГП „БАСИНГ“-Кичево.

Во јуни 2009 се вработува во Влада на Република Македонија како соработник.

Во јануари 2012 година преминува во Министерство за транспорт и врски како Помошник раководител на сектор во Секторот за станбено комунални работи и инфраструктура. Истовремеоно бил ангажиран и во неколку комисиски работи како, Претседател на Комисија за вршење увид на лице место на бесправно изградени објекти, Член на Комисија за одлучување по прекршоци од Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води и Законот за домување, Член на комисија за распределба на ЦЕМТ дозволи за меѓународен транспорт.

Од февруари 2016 од страна на Собрание на Република Македонија е избран за член на Регулаторна Комисија за домување.

Од формирањето на Комората на овластени архитекти и овластени инженери е активен член. Во 2016 година е избран за делегат на Собрание на Комората а во 2017 година е избран како потпретседавач на Собранието на Комората на овластени архитекти и овластени инженери.

Учесник е на неколку меѓународни конференции од областа на градежништвото со свои стручни труда.

Зборува албански (мајчин јазик), македонски и англиски јазик.

Испрати порака