Врз основа на член 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат


УКАЗ

ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА

ЗАКОНОТ ЗА ДОМУВАЊЕ

Се прогласува Законот за домување, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 29 јули 2009 година.

Закон за домување

Со овој закон се уредуваат видовите на објекти во домуванјето, управувањето со станбените гради, односите меѓу сопствениците на посебните делови и трети лица, заедницата на сопствениците, евиденцијата на становите, закупничките односи во домувањето, начинот на управување и одржување на објектите, правата и обврските на Републиката, опшините, општините во градот Скопје и градот Скопје во домувањето, инспекцискиот и управниот надзор и други прашања од областа на домувањето.