Сопствениците  на  посебните  делови  можат  да  донесат  одлука  за  формирање заедница на сопственици како правно лице за управување со станбената зграда. Одлуката може да се донесе само во согласност на мнозинството сопственици на посебните делови.

Со  одлуката  за  формирање  на  заедница  на  сопственици,   сопствениците  на посебните делови се должни да донесат и статут на заедницата на сопственици.

Сопствениците на посебните делови задолжително формираат резервен фонд.

ПРАВИЛНИК ЗА ВИСИНАТА НА ИЗНОСОТ ЗА ПОСЕБНИТЕ ДЕЛОВИ ВО РЕЗЕРВНИОТ ФОНД

Со  овој  правилник  се  пропишува  висината  на  износот  за  посебните  делови  во резервниот  фонд,  најниската  вредност  на  истиот,  видот  на  трошоците  за  кои  ќе  се користат  средствата  од  резервниот  фонд,  во  зависност  од  староста  на  објектот,  бројот  на посебните делови во зградата и видот на материјалот од кој е изградена зградата.

Тука можете да ги преземете потребните примери кои се однесуваат на заедница на сопственици на посебни делови, согласно Законот за домување - 21.7.2010