Една од основните надлежности на Регулаторната Комисија за Домување е да издава и одзема лиценци за вршење на управување, за што води регистар на управители на станбени згради.


Поради зголемениот број на одземени лиценци Регулаторната Комисија за Домување објавува регистар на одземени лиценци, каде што се вметнати и управителите за кои не е целосно завршена постапката за одземање на лиценцата за вршење на дејност и истата се уште се води пред Управен Суд на РМ. 

(1) Управителот ги има следниве права и обврски:

1. Ги извршува одлуките на сопствениците на посебните делови;

2. Се грижи за редовно одржување и функционирање на заедничките делови;

3. Ги застапува сопствениците на посебните делови во работите на управување и во име на одделни сопственици поднесува тужба за ослободување од обврската за плаќање, односно тужба за задолжување за плаќање на трошоците и издатоците на сопственикот на посебниот дел;

4. Ги застапува сопствениците на посебните делови пред управните органи во работите на издавање на дозволи и согласности и во постапките за упис на недвижностите и други управни постапки во врска со станбената зграда и земјиштето, како и за други работи поврзани со управувањето;

повеќе...

Лиценца за управител може да добие правно или физичко лице ако ги исполнува следните услови :

- Да е регистриран во централниот регистар на Република Македонија и

- Да има најмалку 3 вработени лица, од кои едно со високо образование (дипломиран правник или дипломиран економист) и две лица со најмалку средна стручна подготовка.

Лиценцата се издава со рок на важење од 5 (пет) години.

За издавање на лиценцата се плаќа надоместок во износ од 150 евра во денарска противвредност.

Начинот на издавање и одземање на лиценцата, како и формата и содржината на образецот на лиценцата ги пропишува министерот надлежен за работите од станбено комуналната област.

Барателот на лиценца за извршување на должноста е должен до Регулаторната Комисија за Домување да поднесе:

Сите такси и надоместоци потребни при барање на лиценца за управител на куќен совет се уплаќаат на образец ПП50

на со внесување на следниве податоци:

Цел на дознака׃ надоместок за лиценца

Назив на примачот׃ Регулаторна Комисија за Домување – Скопје

Банка на примачот : НБРМ

Трезорска сметка  100000000063095

Сметка на буџетски корисник: 020096159063116

Приходна шифра: 725939

Програма: 20