Претседателот на Регулаторната Комисија за Домување, Ве известува дека информациите кои се шират во дел од дневните весници и медиумите за тоа дека е забрането и казниво да се сушат алишта на тераси, балкони и лоѓии не се точни.

Законот за домување, ги опфаќа заедничките простории на станбената зграда, а не посебните делови како што е стан или дел од стан (тераса,балкон и лоѓии).

Што значи казни за сушење на алишта на сопствените тераси, балкони и лоѓии не постојат.

Министерството за транспорт и врски има донесено Правилник за нормите и стандардите за домување во станбените згради (Сл.Весник 27/2010), во кој се препорачува алиштата по можност да бидат во висина на парапетот и во колку има одредени заеднички простории (сушални) истите да се користат.